Коалициски партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос утре во 10.30 часот по локално време ќе одржат средба, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори.
Според истите информации, Ципрас денес разговарал со Каменос и го поканил утре наутро да се сретнат.
Претходно, медиумите во Грција, пишуваа дека според информации од партијата Независни Грци, средбата е закажана за во понеделник напладне.
За утрешниот состанок на двајцата коалициски партнери, на кој ќе разговараат за иднината на нивната соработка во Владата, Ципрас ќе побара поддршка од Каменос надевајќи се дека ќе ги спречи предвремените избори по несогласувањата за договорот за името на Македонија, објавуваат грчките медиуми.
Иако беше најавувано дека Каменос и Ципрас ќе се сретнат вчера, а и самиот премиер на Грција го спомена тоа во неговото интервју во средата, сепак средбата не се одржа, а причината според лидерот на Независни Грци, беше доцнењето на гласањето на уставните измени кај нас.
Вчера попладне, Каменос одржа состанок на пратеничката група на Независни Грци, која што помина без изјави за медиумите, а лидерот на партијата и коалиционен партнер во владата се огласи преку неговиот официјален Твитер профил.
Единствената наша разлика во коалициската влада е името на Македонија. Останатите работи се решаваат парламентарно. Прашање за доверба не постои, освен ако тоа се поврзе со Договорот од Преспа каде што ќе се донесат одлуки од органите на Независни Грци и ќе го известам премиерот, напиша Панос Каменос.
Comments are closed for this post.