Четворица скијачи настрадаа во скијачкиот центар Банско. ПресингТВ ексклузивно од полициски извори дознава дека станува збор за грчки државјани.
Две од лицата се пронајдени под лавината и според личните документи станува збор за Грци. По две лица се’ уште се трага.
Спасувачи за Пресинг ТВ велат дека жртвите не ги следеле инструкциите за скијање и се нашле на терен мошне опасен, особено кога е сончев ден како денес.
Ноќта врнеше снег, на терените го има над еден метар, а бидејќи е сончево лесниот снег лесно се претвора во опасна лавина.
Comments are closed for this post.