Повеќе од илјада хируршки интервенции се одложени за само една недела во Клиниката за хирургија во Клиничкиот универзитетски центар на Косово (ЌКУК) поради тоа што лекарскиот персонал стапи во штрајк.

На 17 декември 2018 година Професионалниот колегиум на хирурзите при ЌКУК донесе одлука за отпочнување на штрајк поради неисполнувањето на дадените ветувања од страна на Владата за изготвување на нацрт-закон за платите според нивните барања.

Претставникот на хирурзите, Арбер Морина, за весникот „Зери“ изјави дека во Клиниката за хирургија се одлагаат околу 200 операции дневно, а се третираат само итните случаи.

Елективните операции се прекинати. Во просек, околу 200 елективни случаи секој ден не се третираат. Итната служба продолжува да функционира како и до сега. За ниеден случај на болест во кој се работи за загрозен живот на пациентит не сме ги прекинале услугите, изјави Морина.