Име со копче не се брише, има со хартија не се менува. Тоа е она што сме, и она што ќе продолжиме да бидеме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски денеска се обрати пред демонстарнтите пред Собранието, кои протестираат против промена на уставното име.

Во моментов се витка кичмата на татковината, истакна Мицкоски.

„Тоа им е целта, да ве скршат, и да прифатите сѐ понатаму“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, повика на масовно обединување.

„Нив оваа промена на името и идентитетот, им е билет за останување на власт“, рече Мицкоски.

Според него власта работи само за себе, не за народот. Како што потенцираше Заев ја измамил македонската јавност, кога се колнел во најмилото дека нема да го промени Уставот на Република Македонија.

Ќе остане запишано дека оваа неправда на народот, ја прават оние кои ветуваа живот, брда и долини. Тоа го правеа само да се доведат до власта, измамнички и за да го направат тоа што го прават денеска. На власт се доаѓа со труд и посветеност. Единствен билет за останување на власт е оваа промена на името и иденитетот. Тој билет не е за народот, туку за власта. Се колнеше Заев во најмилото дека Уставот нема да го смени. За тоа ли се колнеше? Овие луѓе се измамници и така опстојуваат на власт, без чест и образ-ѓон. Сето ова почна преку насилен избор за претседател на Собранието и не победија на парламентарните избори. Дадоа гаранции дека нема да го менуваат карактерот на државата. Рекоа дека нема да го менуваат уставното име, а луѓе заглавија во затвор, поради тој 27 април“, истакна Мицкоски денеска на своето обраќање.