„Ќе сторам се за да пропадне овој договор. Ќе сторам се за да го вратиме назад она што се продава. Сите заедно, со сигурност можеме да ја промениме оваа власт. Не викам дека ќе успеам, ќе се обидам. Се почна со насилен избор на претседател на Собранието. Тие дадоа гаранции дека нема да менуваат име и идентитет. Тие не победија на изборите. Луѓе заглавија во затвор поради 27 април. Но, она што за нив беше мака за цел живот, за власта беше пазарење. Седнати во скутот на Заев ќе морате да ги вршите неговите валкани работи. Оние кои му слугуваа на Заев, ги разбирам оти се притиснати, се срамат и поплукуваат се за да истргуваат. Тешко ми е кога ги гледам во таа улога. Удирајте, јас можам да издржам повеќе од тоа што мислите. Само не заборавајте на кого му слугувате. На Зоран Заев. Знам дека подготвуваат операции кои сакаат внатрешно да не разјадат“, кажа  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред Собранието.

Тој рече дека единствен политички противник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е Зоран Заев.

„Името не го менуваат оти народот одлучи, туку оти Заев во прва фаза собрал 80 пратеника. Гледаме сега нема, па тргува и тргува, се препелка секој ден. Нека не се затскрива зад европските институции. Не се докажува тоа преку промена на името и идентитетот, туку со работа. Не смееш да тргуваш со нешто што е наследено“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.