Неопходна јавна администрација поради зголемен обем на работа,  вака премиерот Заев  ги правда новите огласи за вработување во Царинската управа, но и во останатите институции, каде  од почетокот на годината  до сега постојано се објавуваат.  Заев вели дека  вишок на администрација  има, но  преку одреден тренинг  со поддршка на Владата, тие ќе бидат подготвени да бидат прифатени во приватниот сектор, без некој да го изгуби лебот.

 

Апсолутно знаеме дека вишоци се појавуваат . Сите тие вишоци во оние  институции кои се појавуваат или инстутуции кои ќе бидат укинати во реформскиот профес, секако ќе бидат  преку одреден тренинг со подршка од Владата подготвени за да бидат прифатени во приватниот сектор . Тоа е наша намера и процес кој допрва ќе почне и ќе направиме рационализација на администрацијата без некој да изгуби. Никој нема да го изгуби лебот, туку ќе ја стегнеме администрацијата да биде ефикасна и ефективна онака како што се очекува од истата , изјави Зоран Заев, премиер на Р. М

Во однос на новиот оглас за 78 вработувањата во Царинската управа, директорот Ѓоко Танаскоски вели дека  има зголемен број на работа и затоа се потребни вработувања.  Вели дека Царината од 2015 година немало нови вработувања, а огласот трае само три дена, затоа што вработувањата биле на определено и така било според законот. Во 2015 одина во Царинската управа имало 1132 вработени , а сега 1076 вработени.

Управата има нови надлежности, а започнуваат и преговорите со Европската унија, така што ова е нормална работа. Огласот инаку трае само три дена затоа што станува збор за врбаотувања на определено време и тоа е според законот. Сакам да ја информирам јавноста дека во огласот не се бараат советници, туку само еден советник – рече денеска Танасоски

Во изминатиов период речиси и да нема ден во кој не е објавен оглас за вработување во државните установи, управни органи и јавните претпријатија.

Нов оглас за вработување на државни службеници е објавен утринава. Секретаријатот за европски прашања бара 13 раководители, советници службеници со плати од 20 до 31 илјада денари. Од пред нова година до сега појавени се над 30 огласи за вработување на над 400-тини државни службеници.