„Европа“ ад Скопје е компанијата која доби прво одобрение за овластен економски оператор од Царинската управа согласно стандардите за безбедност и сигурност. Тоа е меѓународно призната марка за квалитет која е показател дека економските оператори како што се производители, извозници, увозници, шпедитери и транспортери, во меѓународниот синџир на снабдувње се безбедни и сигурни и оти нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласни.

Одобрението денеска и беше врачено на генералната директорка на „Европа“ ад Скопје Марика Караџова  од страна на премиерот Зоран Заев и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасосоки. Според Караџова, добиеното одобрение содржи строги процедури и прописи, но и бенефиции кои на компанијата ќе и го зголемат угледот и конкурентноста и ќе и ги намалат трошоците.

Танасовски информираше дека во процес на издавање се уште три одобренија за овластен економски оператор, а уште десет компании вршат консултации со Царинската управа за поднесување барање во текот овој и следниот месец.

Според премиерот Заев, концептите како овластениот еконмски оператор придонесуваат за јакнење на регионалната економија, со заеднички царински контроли, анализи на ризик и размена на информации.

Поседувањето на сертификатот за компаниите значи дека ги исполнуваат економските и безбедносните стандарди за вршење на надворешната трговија, рече  Заев истакнувајќи дека ваквиот сертификат истовремено е и инвестиција за производителите, транспортерите, шпедиторите и увозниците со царински стандард кој и дома и во странство е показател дека компанијата силно работела на подигнување на нивото на сопствената конкурентност.

Овластениот економски оператор претставува нов концепт и модернизација на царинското и надворешно трговското работење кое произлегува како реформа од Берлинскиот процес и протоколот 5 од ЦЕФТА.  За негово воведување минатата година беа донесени соодветни измени на Царинскиот закон и на уредбата на овој закон. Во светот има 77 програми за овластен економски оператори и 17 во најава. Според податоците на Светската царинска организација, постојат 35 договори за меѓународно признавање, а 35 се во фаза на преговарање