Грција им го оспорува името. Бугарите националноста и јазикот. Србите црквата. Албанците дел од нивната територија ја впишаа на картата на некаква Голема Албанија. Македонија денес делува како куќа на провев која во годината којашто само што започна ја очекуваат предизвици подеднакаво сериозни како и во jануари 2018, иако пред само еден месец делуваше дека македонскиот јазол конечно ќе се разврзе, пишува во анализата за Македонија, српски „Блиц“. Во текстот се опфаќаат уставните измени, договорот со Грција, договорот со Бугарија, барањата на Албанците…
Во Јуни 2018 во селото Псаредес на грчката страна на Преспанскоото езеро премиерите на Македонија и Грција го потпишаа договорот со кој би требвало да се реши спорот околу името и идентитетитето на поранешната југословенска република кој трае речиси три децении.
Сите по малку попуштија – грчката власта, сепак, дозволи називот Македонија да биде дел од името на државата, а македонските власти се согласија да го сменат името. Новото име треба да биде Република Северна Македонија, пишува „Блиц“.
Првиот чекор кон промена на името, како што пишува весникот, бил референдумот на 30 септември на кој ниту владатаа на Заев не била сигурна дека народот ќе го прифати решението со двете раце. Само 36 проценти од граѓаните излегоа на гласање со што референдумот пропадна, се наведува во текстот.
Следниот чекор на Заев беше да собере двотретинско мнозинство од 80 пратеници во парламентот за измена на Уставот.
Но, ни тоа не му одеше лесно. До бројката од 80 пратеници можеше да дојде само со гласовите на партиите на Албанците и на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги добие понудувајќи амнестија за случувањата на 27 Април во собранието, на членовите на таа партија, се вели во текстот.
Сепак, во минута до 12, за Заев како проблем се појавија барањата на БЕСА. Партијата постави услов, или Албанците ќе бидат државотворен народ во Република Северна Македонија или нема да гласаат за уставните измени. Се верува дека ветар во грб за ваквите барања на БЕСА им дала официјална Тирана, тврди „Блиц“.
Понатаму во текстот се анализира дека Ципрас тврди дека има мнозинство во грчкиот парламент кое ќе гласа за преспанскиот договор, но и дека дел од пратениците од неговата коалиција нема да гласаат за договорот. НАТО исто така е заинтересиран Преспанскиот договор што побрзо да биде ратификуван. Дали сето тоа ќе биде можно ќе се знае на 18 јануари кога Ципрас ќе даде временска рамка за ратификација на спогодбата во грчкиот парламент.
Но, и во тој случај ако вратата на Македонија за влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ биде отворена, сепак, патот кон евроатлантските интеграции би можела да ги попречи Бугарија, како резултат на различлните гледишта за некои работи кои произлегуваат од договорот за добрососедство меѓу двете земји. Дополнителен проблем за Македонија претставува и прашањето за автокефалноста на Македонската Православна Црква, пишува „Блиц“.
Comments are closed for this post.