Покрај споменикот на Туѓман во Зареб дежура полицијата откако некој, ноќта во саботата кон недела, преку името на Туѓман нацртал срп и чекан.
На фотографиите кои ги објави хрватски „Индекс“ се гледаат тројца полицајци покрај споменикот, а паркирани се и два полициски автомобили.
Не е познато дали авторот на графитот сакал да го искаже своето противење на Туѓмановата антикомунистичка политика од деведесетите или да потсети дека и Фрањо Туѓман своевремено бил Титов генерал и член на Комунистичката партија.
Да потсетиме, полицијата во Загреб соопшти дека во тек е истрага.
Comments are closed for this post.