Неидентификуван Австралијанец со џип се заби во кола на сиднејската полиција, украл комби од блискиот супермаркет и такси возило, влетал во други автомобили и ранил минувач со нож, а пото извршил самоубиство пред полицијата.

Драматичниот низ на случки, за кои полицијата вели дека нема врска со тероризам, започнал кога полицијата се обидела да го застане ипот кој немал регистарски таблички.

Возачот, на возраст од 24 години, се забил во полициско возило, потоа украл друго од супер маркет и возел низ градот 20-на километри до предградие во близина на аеродромот, удирајќи во повеќе автомобили по пат.

Возачот се обидел да украде уште еден автомобил, при што со нож повредил минувач кој се обидел да го запре во дивеењето, пред да го украде таки возилото.

Полицијата, на крај, го сопрела напаѓачот зад воланот на таксито и се обидела да го онеспособи со електрошокови, но мажот тогаш сам на себе си зарил нож во градите и умрел на лице место.

Напаѓачот немал намера да им направи лошо на луѓето, изјавил помошникот на комесарот на полицијата во Сиднеј Мик Фицџералд.

Според кажувањето на полицаецот, мажот барал начин како да и избега на полицијата, а неговите чекори, посебно кога со нож прободел недолжна особа, се постапки за кои полицијата верува дека лицето има ментални здравствени проблеми.

Полицијата не го идентификува напаѓачот ниту изнесе детали за инцидентот.


На видео снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа маж во бела кошула и качкет како гестикулира барјќи од таксистите да излезат од возилата, а потоа самиот влегува во црвено такси и заминува.