Рускиот претседател Владимир Путин му испрати новогодишна порака на американскиот колега Доналд Трамп наведувајќи дека Москва е подготвена за дијалог за широк спектар на теми.
Инаку американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, за прв пат се сретнаа во живо и се ракуваа на самитот на Г20 во Хамбург во јули 2017-та.
Во одделно новогодишно писмо до сирискиот претседател Башар ал Асад, Путин ветил дека ќе продолжи да пружа помош на сириската влада и народот во борбата против тероризмот, пренесува Ројтерс.
Како што се наведува, Путин испратил новогодишни пораки и до другите светски лидери, меѓу кои се и кинескиот претседател Си Џинпинг, британската премиерк Тереза Меј и јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Comments are closed for this post.