Државниот врв на Косово е преплашен од новата организација која е наречена  „Окото на народот и која јавно се заканува дека ќе ги ликвидира премиерот Рамуш Харадинај и претседателот Хашим Тачи.

Засега не се знае кој стои зад оваа организација која веќе има спремено листи за отстрел и која јавно обзнани дека пукала во еден од најпознатите косовски адвокати Азем Власи.

Тачи се сомненва дека зад „Окото на народот“ стои лидерот на „Самоопределување“ Курти но тоа не е докажано.