Вработените во француската полиција стапија во штрајк, поради неисплатените надоместоци за прекувремена работа, што предизвика застои на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.
Управата на аеродромската полиција соопшти дека застои поради штрајкот има само на Терминалот 1, додека на остантите два терминали турканиците настанале поради „големиот број патници“.
Штрајкот се одржува во организација на полицискиот синдикат „Алианс“, кој ги повика полицајците денеска да реагираат само на „итни случаи“, откако преговорите меѓу неговите претставници и Министерството за внатрешни работи околу надоместоците за прекувремна работа за време на протестите на „жолтите елеци“ западнаа во ќор-сокак.
Француската Влада вчера соопшти дека ќе им исплати по 300 евра бонус на околу 111.000 полицајци, кои се ангажирани во обезбедувањето на протестите на „жолтите елеци“. Според најавите, ваквата одлука ќе ја чини Франција 33 милиони евра.
Меѓутоа, синдикатот „Алианс“ не е задоволен со владината одлука и бара државата да инвестира во реформа на полицијата и на полицајците да им бидат исплатени надоместоците за прекувремена работа, а не бонуси.
Не сме на продажба и не можете да не купите. Кризата сигурно нема да биде решена со овие бонуси, изјави претставник на синдикатот.
Преговорите меѓу синдикатот и Министерсвото за вантрешни работи беа прекинати вчера, по што за денеска е најавено нивно продолжување.
Comments are closed for this post.