Претседателот на Република Српска и Претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјави дека ќе се залага БИХ да ја одбие секоја финансиска помош од Европската унија поради која би била обврзана да прими мигранти.
Тој вели дека во БиХ моментално има од 3.500 до 4.000 мигранти кои се сместени на различни локации.
Гледаме дека Европа се обидува да смести мигранти во некои земји. Австрискиот канцелар Себастијан Курц пред неколку месеци излезе со јасна понуда дека на земјите кои ќе прифатат да формираат кампови за мигранти ќе им се даде финансиска помош. Ќе се залагам таа помош да се одбие поради обврската да примиме мигранти, кои се сериозен безбедносен, социјален, здравствен и комуникациски проблем – изјави Додик.
Како причина за неговиот став, Додик наведе дека БиХ нема механизми да одговори на мигрантското прашање.
Comments are closed for this post.