Мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Лопес Обрадор, најави планови за спасување на националната нафтена индустрија со зголемено производство на нафта на државната компанија за 45 отсто пред 2025 година.

Обрадор додаде дека целта на компанијата „Петролеос мексиканос“ е да го зголеми производството до 2,4 милиони барели дневно наспроти сегашните 1,65 милиони барели.

Ќе инвестираме каде што знаеме дека има нафта и каде ќе не чини поевтино да ја добиваме – изјави Обрадор пред работници од нафтениот сектор.

Претходно, мексиканскиот претседател најави планови за инвестиции од околу 3,65 милијарди долари во „Петролеос мексиканос“.