Неделата што измина беше тешка за британската премиерка, Тереза Меј. Таа го одложи гласањето во Парламентот за Брегзитот, преживеа гласање за доверба во својата партија и се врати со празни раце од европскиот Самит.

Но, истражувањето на јавното мислење покажува дека 47 проценти веруваат дека е таа храбра и инсистира на своите принципи. И ова е најголемата поддршка за неа откако таа стана премиер, покажува истражувањето.

Во истото истражување, Лабуристите загубија еден процент и сега сметаат на поддршка од 39 проценти, споредено со Конзервативци кои имаат 38.

Но, тука некаде завршуваат и добрите вести за Меј – 53 проценти не се согласуваат како таа се справува со Брегизтот, додека 28 и даваат поддршка.

Според Скај њуз, пак, 33 осто од Британците веруваат дека Велика Британија треба да излезе од ЕУ.