Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави заминување од функција на уште еден висок претставник на владата, министерот за внатрешни работи, Рајан Зинки.

Министерот за внатрешни работи Рајан Зинки ќе ја напушти администрацијата во крајот на годината, откако во неа беше речиси две години – објави Трамп на Твитер.

Според Трамп, Зинки „направил многу за својот мандат“.


Зинки, кој е под истрага за свои патувања, политичка дејност и можни конфликти на интереси, ја напушта администрацијата неколку недели пред демократите да преземат контрола врз Претставничкиот дом во Конгресот.

Зинки имаше водечка улога во напорите на Трамп за спротиставување на регулциите за животната средина и за развојот на енергетиката во САД.