Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изрази подготвеност да се извини за неговата изјава во врска со протестите на вработените на Клинички центар, кои неколку дена го изразуваат своето незадоволство поради зголеменета цена за паркинг во комплексот. Шилегов појасни дека неговата изјава била дадена во контекст на состојбата на Клиники и појасни дека со министерството за здравство постојано разговараат со цел да се подобрат условите за таму да не се создава сообраќаен хаос.
На Клинички треба да се подобрат и да се направат нови сообраќајни решенија за брзата помош да може да влезе во комплексот и да дојде без проблем до клиникитете, без да чека со другите возила, а факт е дека тоа е нешто што ни се случува. Градот требаше и треба, во рамки на тој концепт што го развиваме со министерството за здравство, да изгради на две места монтажни катни гаражи со што ќе го зголемиме капацитетот за паркирање во комплексот на клинички за нови 350 паркинг места – изјави Шилегов.
Градоначалнкиот ја оправда одлуката за зголемување на месечната карта за паркирање на Клинички со обид да се изедначат условите за паркирање за сите граѓани.
Она што го направи градот е што ја воедначи паркинг цената со другите паркинг зони во градот. Тие паркинг зони гравитираат кон други институции и градот не би се одесувал подеднакво кон своите граѓани доколку на едно место дава услуга за 800 денари, а на друго место дава услуга за 350 денари, колку што беше на Клинички – појасни Шилегов
Comments are closed for this post.