Шест луѓе биле повредени при експлозија на лаптоп во еден воз во метрото во Мадрид. Повредена е сопственичката на лаптопот, којашто го носела компјутерот во торба, како и петина патници што седеле во нејзина близина.
На неколкумина други патници им била неопходна помош од медицинските екипи, а од итната медицинска служба на Мадрид соопштија дека 17 луѓе биле во сериозна состојба на шок. Експлозијата предизвикала паника во метрото поради стравувањата на луѓето дека станува збор за терористички напад.
Esto fue lo que ocurrió. Evacuación por que un equipo eléctrico explotó. ( Tablet ). 30 min encerrados en el vagón. pic.twitter.com/HnpYEHSOiM
— Juan Teixeira (@juanteix) September 17, 2018
Луѓето што се наоѓале во вагонот ја активирале кочницата за итни случаи за да го напуштат возот, по што пешачеле во темнината околу 100 метри додека да дојдат до платформата.
По експлозијата, сообраќајот во метрото бил запрен, но по кратко време и нормализиран.
#Madrid: El incendio de un portátil provoca la salida de los pasajeros por las vías en el Metro de Príncipe de Vergara. @BomberosMad las revisa para comprobar que no hay nadie en el interior. @SAMUR_PC atiende a varios viajeros por crisis de ansiedad. Vía @EmergenciasMad pic.twitter.com/2DhT9YDoGu
— VOST Madrid (@VOSTmadrid) September 17, 2018
Овој инцидент пробуди лоши сеќавања кај жителите на Мадрид, поради бомбашкиот напад на мадридското метро во 2004 година, терористичкиот чин во кој загинаа 192, а повеќе од 2.000 луѓе беа повредени.
Comments are closed for this post.