Веќе нема никакви дилеми дека косовската војска ќе се формира во петок на 14 декември. Како што пренесуваат медиумите во Приштина, се е подготвено за прославата а напишани биле дури и поканите за високите гости и амбасадорите. Се чека само САД да го дадат последниот амин како главни поддржувачи.
Централната прослава ќе се одржо во касарната кое го носи името на основачот на УЧК Адем Јашари.
Братот на косовскиот премиер, Даут Харадинај објасни дека Косово создава војска за 21 век по стандардите на НАТО.
-Создавањето на војска бара и финансиска поддршка.Многумина се вознемирени по ова прашање но буџетот за војската е обезбеден-убедува Харадинај.
Comments are closed for this post.