Бранко Периќ, заменик-градоначалникот на српскиот град Бор, се најде сред невиден скандал, откако една тинејџерка на возраст од 15 години на социјалните мрежи објави селфи кое ги вознемири и згрози сите што го виделе.
На сликите се гледа 60-годишниот Периќ, се бакнува со малолетничката и ја држи во недозволена поза.
Поради скандалот Периќ поднел оставка со образложение дека има лични (здравствени) причини. Градоначалникот ја прифатил оставката, но таа треба да помине и во градското собрание.
Периќ се правдал дека нема ништо спорно во фотографиите и дека само сакал да и се заблагодари на девојката, која одлично ја завршила работата со украсувањето на просториите.
Девојката исто така тврдела дека немала ништо со него.
Српските медиуми пренесуваат дека според српските закони ова не подлежи на истрага и не е кривично дело, затоа што девојката има над 14 години и делото не е сторено против нејзина волја.
Comments are closed for this post.