Унгарскиот премиер, Виктор Орбан се запозна со американскиот актер Чак Норис, па видеото од целата средба го објави на својата Фејсбук страница.
Интересен дијалог се водеше меѓу Чак Норис и Виктор Орбан. Така, Орбан на Норис му рече дека го мразат либералите исто како што во САД не го сакаат Трамп , како и дека е тој уличен борец.
Тие се сретнаа во едно кафуле , за потоа премиерот да го однесе актерот во акџиски филмови во тренинг центар за да ги видат како вежбаат противтерористичките единици.
Норис го спореди Орбан со Трамп , откако унгарскиот премиер му се пожали дека 90 проценти од коментарите за него се негативни.
Чак Норис е во посета на Унгарија, во рамките на иницијатива во добротворни цели. Гласноговорник на кабинетот на Орбан соопшти дека американскиот актер ќе одржи неколку презентации во Унгарија, потврдувајќи ја средбата со премиерот.
Comments are closed for this post.