Тетовец денеска испукал од пиштол неколку куршуми во воздух при што за среќа немало повредени лица и не била причинета никаква материјална штета, информираа од СВР Тетово.
С.Д.(57) околу 10 часот и 35 минути ги испукал куршумите во близина на крстосницата од улиците „Благоја Тоска“ и „Љубо Божиновски-Пиш“.
Според полициските информации на пукањето му претходела сообраќајна несреќа во која при судир со друго возило било оштетено патничко моторно возило „Опел корса“, сопственост на С.Д.
Веднаш по пријавувањето на случајот тој бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а му бил одземен и пиштолот од кој пукал посочија од СВР Тетово.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.