За први декември на социјалните мрежи се најавува нов протест на групата Македонија блокира“. Собирот е  поради тоа што во сабота започнува втората фаза од уставните измени.Ова здружение на 18 ноември организираше протест пред Собранието каде и покрај студеното време се собраа неколку илјади граѓани.

Оваа фаза на промена на Уставот се носи со 61 пратеник и речиси сигурно ќе биде изгласана.

 

На 1 декември во Собранието гласање за нацрт амандманите. Затоа, на 1 декември сите на Сенароден протест пред Собранието. На 1 декември пратениците внатре во Собранието, а народот надвор пред Собранието. Татковината повикува – Последна шанса за нашата генерација-стои во повикот на социјалните мрежи.