Турција постигна нов, историски рекорд во туризмот, откако годинава ја посетиле речиси 40 милиони туристи, изјави денеска турскиот претседател РеџепТаип Ердоган, јавува ТАСС.
Според податоците на Турскиот завод за статистика, Турција лани била посетена од 38,5 милиони странски туристи.
Пред неколку дена, за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин, Ердоган изјави дека во првите девет месеци од годинава Турција ја посетиле 5,1 милини туристи од Русија, што исто така претставува рекорд.
Comments are closed for this post.