Денешните социјални протести во Франција ги одбележуваат нови протести со полицијата. Париз се претвори во центар на незадоволството на „жолтите елеци“, што започна од високите цени на горивата, а веќе се поставени и куп барања од други области.

Илјадници луѓе го блокираа Шанзелизе, а полицијата употребува сила и солзавец за да го ослободи клучниот булевар. Огромен дел од центарот на Париз е парализиран.

Се очекува тензиите да ескалираат вечерва. Силите на редот сметаат дека во редовите на „жолтите елеци„ има радикали од крајната левица и крајната десница.

Близу 80 отсто од Французите, целосно или делумно ги поддржуваат барањата на демонстрантите. Од почетокот на протестите две лица загинаа, а над 600 се повредени.