Она што беше како идеја сега и официјално е потврдено. Србија, Романија, Бугарија и Грција ќе поднесат официјална кандидатура за организација на Европското првенство во 2028 година или за Светското првенство во 2030 година.
Првите луѓе задолжени за спортот во четирите земји велат дека кандидатурата ќе придонесе за промоција на фудбалот во регионот и ќе ги потврди добрите односи меѓу самите земји.
Сепак малку е веројатно дека ќе го добијат домаќинството ако се знае дека само Романија има во Букурешт стадион што ги исполнува сите стандарди, тука некаде е и Грција, додека пак Србија и Бугарија немаат капацитет.
Comments are closed for this post.