Судењето за случајот „Државна Лотарија“ само што почна се одложи. Одложувањето е на барање на адвокатите на обвинетите кои побараа повеќе време да ги разгледаат доказите како и самиот обвинителен акт.
Со ова се сложи судијката Дијана Шуплиновска Јовески како и обвинителот Даниел Коцев кој најави 231 материјален доказ.

Следното рочиште е закажано за седми септември. Бидејќи ова е притворски предмет рочиштата ќе се одржуваат поинтензивно бидејќи притворените можат да бидат држени во домашен притвор најмногу 60 дена по поднесувањето на обвинителниот акт.










Comments are closed for this post.