Министерот за здравство Венко Филипче најави дека доцна попладнево ќе се сретне со претставници на Советот на Синдикатот на Клинички центар и медицинските сестри кои реагираат на нееднаквото зголемување на платата од јануари со платите на лекарите.
Иако се прават напори да се надмине проблемот, министерот Филипче категоричен дека ова е максимум на средства од Буџетот со кои се располага во моментов и нема пари за исто зголемување на платата од јануари на сите здравствени работници.
Кај медицинските сестри, лаборантите, физиотерапевтите и другите здравствени работници постои огромно незадоволство откако беше најавено дека покачување од 10 проценти ќе има само за лекарите специјалисти. Тие имаат поддршка и од лекарите низ цела држава со образложение дека работат тимски и дека покачувањето треба да важи за сите.
Comments are closed for this post.