Вчера околу 16 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Р. Македонија при извршена пасошка контрола на 34-годишниот кумановец Љ.С. било утврдено дека неговата патна исправа била фалсификувана.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи од Куманово, за понатамошна постапка.