Денешниот настап на Венко Филипче беше класичен пример како не треба да изгледа една прес-конференција на политичка партија која се претставува како најголема опозициона партија. Наместо одговори слушнавме напад. Наместо факти Филипче лепеше етикети. Наместо аргументи – обид за јавно понижување на новинар.
Кога политичар ќе си дозволи да му лепи етикети на новинар, да го става во „кампањи“, „центри“ и „пропаганда“, без ниту еден доказ веќе не се работи за став, туку за свесен обид за дискредитација.
И да бидеме јасни – ова не е инцидент. Не е исклучок. Ова е пракса во СДСМ, а богами и пракса на Врнко Филипче.
Филипче не влезе денес во конфликт со медиумите. Тој одамна е во таа позиција. Само што сега веќе не се крие зад политички фрази, туку директно посочува, таргетира и притиска.
Реакциите на Здружение на новинари на Македонија и МАН се логични – ова е недозволиво. Нон штетата веќе е направена.Затоа што кога политичар со моќ ќе го впери прстот кон новинар, тоа не е само збор. Тоа е порака. Порака дека новинарот е „непријател“. Порака дека прашањето не е добредојдено. Порака дека критиката ќе биде казнета со јавно линчување. Тука лежи опасноста.
Ова не е борба против „лажни вести“. Ова е борба против „непослушни“ медиуми. Ова е обид да се создаде атмосфера во која новинарите ќе размислат двапати пред да постават прашање.
Ако има докази – нека ги однесе во обвинителство. Ако нема – тогаш ова што го гледаме е чист политички перформанс со една цел: замолчување на критиката. Кога аргументите недостасуваат, почнуваат нападите. А кога нападите стануваат норма, тогаш проблемот веќе не е само во политичарот. Тогаш проблемот е во системот што тоа го дозволува.







Comments are closed for this post.