Жељко Митровиќ, сопственик и директор на Пинк Медиа Груп, претстави нова дигитална редакција која користи 1.200 роботи со вградени вештачки личности. Проектот, опишан како „најголемата дигитална редакција на планетата“, беше развиен повеќе од една година со вклучување на тим дигитални експерти и новинари. Според Митровиќ, роботите се развиени преку машинско учење, а нивната цел е да функционираат како совршени новинари кои не користат боледување и не се ангажирани на социјалните мрежи во текот на работното време.
„Повеќе од една година, неверојатен тим дигитални експерти и новинари работеше на развој на најголемата дигитална редакција на планетата! Вградивме човечки личности во над 1.200 роботи користејќи машинско учење! Значи, тие сега ги претставуваат совршените новинари кои не земаат боледувања, кои не смислуваат интриги и кои не се на социјалните медиуми цел ден!“, изјави Митровиќ. Како дел од проектот, беа лансирани десет нови портали, од кои првите (Press.rs, Hronika Magazin и Sport Magazin) се достапни за корисниците, додека другите ќе бидат презентирани во наредните денови.
Ссистемот ќе се развива и во други земји, со прилагодени теми и на различни јазици. Митровиќ истакна дека дигиталната редакција овозможува автоматско генерирање на повеќе од 1.000 вести дневно, што би можело да претставува пресвртница во начинот на кој се произведуваат и дистрибуираат информациите.
„Денес ги објавувам првите 10 најмоќни и најбрзи портали во нашата земја, кои објавуваат не помалку од 1000 вести дневно! Штом завршиме со Србија, ќе го развиваме системот во стотици други земји, се разбира, со нивните теми и на нивните јазици!“, рече Митровиќ. Според достапните информации, дигиталната редакција на Жељко Митровиќ би можела да го означи почетокот на нова ера на новинарството, во која вештачката интелигенција игра клучна улога во процесот на креирање вести, а „живите“ новинари конечно можат да се вклучат во вистинско, оригинално, истражувачко новинарство.







Comments are closed for this post.