СДСМ секојдневно на прес конференции ја прозива Србија и претседателот Вучиќ Говорат за некаков српски свет, инсталации на СНС… Поддржувачите на СДСМ, оние вистинските не можат да разбрерат зошто нивната партија бара непријатели онаму каде што ги нема ако добро се знае дека токму Србија е соседот кој вистински ни помогна кога ни беше најтешко.
Сите се сеќаваат за време на короната кога од ЕУ не пристигна ниту една вакцина па илјадници македонски граѓани заминаа во Врање да се вакцинираат. Во знак на пријателство пристигна и контингент вакцини кои ги пречека тогашниот премиер Зоран Заев.
Саша Богдановиќ, припадник на српската заедница и поранешен кадар на СДСМ вели дека не може да сфати зошто неговата некогашна партија се однесува така кон Србија и Србите и има впечаток дека некој води туѓу интереси а партијата е само искористена.







Comments are closed for this post.