ОВР – Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари поради злоупотреба на службената положба, како и против четири лица кои остварувале материјална корист односно добивале плати без да одат на работа.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Марко Беслимовски, во својство на претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според пријавата, Беслимовски, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, иако бил должен, не отпочнал постапка за одземање на лиценцата за вршење енергетска дејност – трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, иако компанијата не ги исполнувала законски пропишаните услови.