Хисни Гуцати Претседателот на Организацијата на ветерани на Ослободителната војска на Косово изјави дека следниот протест ќе се одржи во Скопје, од каде што ќе биде испратена „силна порака“, објави косовски „Фронт Онлајн“.
„Познато е дека веќе протестиравме неколку пати на различни места, шест или седум протести по ред, сега следниот е во Скопје, каде што ќе одиме силно“, рече Гуцати.
Овој протест е поради одлуката на Специјалниот суд во Хаг за започнување на судски процес против основачот на УЧК Хашим Тачи.
Поддршка на протест во Скопје ќе даде и лидерот на ДУИ Али Ахмети.







Comments are closed for this post.