Голем инцидент се случи по завршувањето на мечот Шкендија-Јагјелонија. Под западната трибина кога домашните навиачи си заминуваа беа пречекани од гостинските фанови кои чекаа да бидат изнесени од стадионот. Настана вистинска канонада па летаа шишиња, камења, па дури и црвева од противпожарни апарати. Полицијата за неколку минути ги врати гостите од Полска на трибините за да се расчисти гужвата.

Погледнете