Светлана из Житораѓа во срце не гаѓа. Ова од српската мајка не го очекувавме. За жал српската мајка стана бугарска. Из благоевграда. Среде Македонија Цеца го развиори бугарското знаме, Ај што го развиори туку и се нагрна. Пуста Цеца како да не беше свесна што направи и што значи во Велес да развиориш бугарско знаме, на држава која не ни признава ни јазик, ни, народ, ни историја. Не знам дали Цеца е глупа или наивна, тоа му доаѓа исто. Ова за споредба е исто како среде Израел да развиори палестинско, или еве поблизок пример, во Хрватска српско, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Со задоволство прифаќам секакво знаме од мојата публика, тоа е мој народ, моја публика, рече Цеца во реакцијата. Аха важи, дали ако ти дадат знаме на Косово и Албанија ќе се нагрнеш и со нив. И таму имаш публика. Сега се повеќе ги разбирам Хрватите кои и забранија влез на оваа певаљка со бурно минато.
Цеца за Халовин во Велес се преправи во Бугарка. Таа има повеќе лица. Ете со задоволство имашее прифатено да им биде алиби на водачите на Земунскиот клан за атентатот на српскиот премиер Зоран Џинџиќ. За тоа полежа малку во затвор а и за трансферите што ги правела во клубот на нејзиниот сопруг Аркан.Мислам дека Цеца заврши со пеењето во Македонија, Туку знаејќи го менталитетот на Македонците и краткото памтење нема да се изнанадам ако за неколку месеци направи концерт во „Борис Трајковски“ а картите по цена од 3000 денари да се распродадат веднаш.
Еве за Светле да ни се извини може на градите да истетовира „никогаш Северна само Македонија“. Само така може да и простиме. Нешто е многу нервозна.
Луѓе дали сте свесни што се случи на овие избори и дека по 21 година Македонец ќе биде на чело на Кичево. Четврт век таму владееше ДУИ, а знаеме тие колку се демократи и оти не ги делат граѓаните по етничка линија. Еве Дехари тоа го докажа. Во кабинетот уште му виси знамето на УЧК. Прекрасно.

Тито го имаше десантот на Дрвар, а ДУИ го имаше чартер десантот. Полни авиони од Швицарска, Немачка и Австрија дојдоа во Кичево да го поддржат Дехари. И веднаш си заминаа, а на Кичевчани требаше да им го остават Дехари.
И ова не им помогна. Сакаа референдум-добија референдум. Не само во Кичево, туку и во Тетово,Струга, Чаир.
Она што за пофалба што во Кичево за прв пат се обединија Македонците,без разлика која партија ја поддржуваат. Можеме само да замислиме што ќе се случеше ако против кандидат на Дехари беше кадар на СДСМ. Сигурно ќе бараа да се гласа за ДУИ, во името на меѓуетничките односи, се разбира.
Туку Бучковски е нешто тивок, тука ли е. Бучко, граѓаните ти ја покажаа вистинската територијална поделба.

Ако некој досега имаше дилеми дали Шарената револуција беше граѓанска иницијатива или пак средство на власт да дојде Заев и да го смени името на Македонија, ова го разјасни Бојан Јовановски. Популарниот Боки 13 вели дека сам се упецал во мрежата на Заев и оти тој дошол на власт поради Шарените.

Дали сте изнадени? Мене веќе ништо не може да ме изненади. Ќе се изненадам само ако Заев заврши онаму каде што беше Боки. Барем на пет минутим коментира авторот.







Comments are closed for this post.