На сметки во германските банки се наоѓаат 4,2 милијарди евра кои официјално немаат сопственик. Станува збор за т.н. „аспани“ или „заборавени“ сметки, чиј сопственик починал без наследници или сметката не е евидентирана во документи.
Професорот по економија на Универзитетот во Касел, Кристијан Клајн, објасни дека вакви средства можат да бидат и незаконски стекнати – од трговија со дрога или преку црни пари.
Сметка се смета за заборавена доколку банката не успее со години да воспостави контакт со клиентот. Вообичаено се затвора по 30 години, но ако по 45 години се појави сопственик, банката мора да ги врати средствата.
Германската влада размислува овие средства да се пренасочат во специјален фонд за финансирање на социјалниот систем, по примерот на Велика Британија. Банкарите, сепак, советуваат клиентите да преземат мерки за да не се случи нивните пари да останат „без сопственик“
Comments are closed for this post.