Пријателот на Таче и креаторот на францускиот предлог си поднесе оставка поради корупција

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков си поднесе оставка од пратеничката функција, објави „www.offnews.bg“. Како што наведуваат бугарските медиуми причина за оставката е корупција. Петков претходно си поднесе оставка и од неговата партија „Продолжуваме со промената“.
Со Петков последниов период се поврзуваа низа корупциски скандали по што тој реши да се повлече од политиката и најверојатно со семејството ќе се сели во Канада од каде што дојде во Бугарија да ја опорави земјата.
Петков за време на двегодишниот мандат беше во Македонија и ниту еден не ги употреби зборовите „македонски јазик“ и „македонски народ“
Во негово време е потишан и францускиот предлог од кој ги трпиме последиците и денеска. Со тој предлог неговиот пријател Димитар Ковачевски прифати во Уставот да се стават Бугарите и покрај необезбедената поддршка од тогашата опозиција.
Петков за време на својот мандат имаше проблем и со името Cеверна Македонија па Македонија мораше да испраќа нота во Обединетите нации со која потвдува дека Cеверна Македонија и Република Cеверна Македонија е едно исто.
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






Comments are closed for this post.