Нашето филмско наследство е многу значајно, ќе издвојуваме повеќе средства за негово одржување, рече министерот за култура и туризам, Зоран Љутков при последната посета на Кинотеката.

Кинотеката на Македонија во 2009 година беше меѓу водечките европски филмски архиви обезбедувајќи климатизирани депоа по меѓународни стандарди за чување на македонското филмско наследство, а во 2011 година беше меѓу првите европски филмски архиви од регионот коишто започнаа со реализација на долгорочниот проект за дигитализација и дигитална реставрација на аудиовизуелното наследство.

Изминатите седум години, токму оваа институција, која е најстара институција задолжена за чување на аудиовизуелното наследство, во споредба со периодот пред 2017 година, имаше намален буџет за речиси 50 – 60 проценти, што ја покажува и недоволната посветеност на претходното раководство за грижата кон филмското наследство, рече министерот Љутков, најавувајќи зголемување на буџетот за оваа национална установа

Хавзи –пашините конаци се нов предизвик, бидејќи последниве години бил заборавен. Имено, во 2016 година се платени 130.000 евра за проект за обнова и реставрација на Хавзи-пашините конаци, кој е одлично направен, но сеуште не е реализиран. Според проектот таму треба да биде сместен националниот филмски фонд на Кинотеката на Македонија. Хавзи-пашините конаци ќе имаат три дела, од кои едниот ќе биде депо за филмови, другиот ќе биде мултимедијален дел со џебно кино и третиот е предвиден за филмски музеј.
Во текот на овие три месеци е расчистен просторот пред депоата во Хавзи-пашините конаци каде што се чува фондот од светската продукција на 35-милиметарски филмови, со што е зголемена безбедноста на објектот и пристапот до зградата во која се чува дел од националното филмско наследство е непречен.

Направена е интервенција на водоводната мрежа во Хавзи-пашините конаци и се презедоа мерки за санација на проблемот за да се спречи поголема штета.

Хавзи-пашините конаци се комплекс на конаци кои наоѓаат во целото Бардовци, во близина на Скопје. Изградени се во периодот меѓу 1830-1845 година на чифликот на Хавзи паша и го сочинуваат три делови со згради и двор оградени со ѕидови од камен, засилени со осум одбранбени кули.
Објектот е вклучен во Списокот на културно наследство на Македонија, а таму бил снимен и македонскиот филм „Големата вода“.

Подготвија:

новинар: Невена Поповска

фото/видео: Александар Ивановски

монтажа: Алексанрар Арсовски