Шарените револуционери имаат нова тезга. Она што го гледавме во Скопје во 2016 и 2017 година, во Украина за време на Мајдан револуцијата, сега истото се случува во Србија и Грузија.

Се е исто само, глумците се различни. Се сеќавате на истурањето на боја на плоштадот „Македонија“, по државните институции, „крвавите раце“, шминкањето пред штитот на полицајците, запросувањата бидејќи „социјалдемократијата е секси“ и сл.

Сево ова се повторува на улиците на Тбилиси, Нови Сад и Белград.

Мораме да признаеме дека грузијските „шарени“ се имаат надминато. Тие за „демократија“ користат и нови огнени помагала. Тоа во Скопје барем го немаше.