Резултатите на првиот круг од претседателските избори даваат јасна слика во кој правец ќе се движат парламентарните избори на осми мај.
Вчера партиите и од македонскиот и од албанскиот блок имаа чисти, свои гласови и во таа граница ќе се движат бројките и на парламентарните избори. Она што може да се очекува е малку поголема излезност бидејќи парламентарните избори анимираат традиционално повеќе гласачи од претседателските.
Кога ќе се погледнат бројките споредбено со минатите неколку избори две работи се јасни.Ова е убедливо најдобриот резултат на ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција и убедливо било кога најлош резултат на СДСМ.
За споредба ќе земеме неколку изборни циклуси наназад
На парламентарните избори во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт имаше 304.572 гласови а СДСМ 218.463 гласа.
На вонредните парламентарни избори во 2008 година кои се случија како резултат на Самитот на НАТО во Букурешт кога Македонија не доби покана за членство СДСМ освои 233.284 гласа како коалиција „Сонце“ а ВМРО-ДПМНЕ 481.501.
На овие избори ќе остане запаметено дека кандидат за премиер беше Радмила Шекеринска и нејзината изјава дека „Груевски бега од женска сукња“.
Следните избори, повторно предвремени се случија во 2011 година на кои опозицијата настапи расцепкана и доколку одеа на една листа можеби ќе го победеа ВМРО-ДПМНЕ.Тогаш СДСМ освои 368.496 гласови а ВМРО-ДПМНЕ 438.138.
И на изборите на кои СДСМ беше опозиција во 2014 година освои 283.955 гласови а ВМРО-ДПМНЕ 481.615 гласови поддршка.
Каква е ситуацијата денеска
СДСМ во ликот на Стево Пендаровски на овие избори освои нешто над 180.000 гласови што е вистински дебакл.
Лошите политики, давањето на државата на тацна на ДУИ, корупцијата на највисоко ниво, претераното нагласување „ЕУ,ЕУ,ЕУ“ го доведоа СДСМ до овој резултат од кој тешко може да се опорави.
На СДСМ после овие избори му се заканува сценариото на ПАСОК во Грција.Оваа некогашна најслилна партија која ја предводеше поранешниот премиер Јоргос Папандеру исто како СДСМ влезе во низа скандали и сега е минорна партија.
Дали ПАСОК ќе влезе на Бихаќа ќе видиме на 9 мај. Веројатноста е голема.
Comments are closed for this post.