Стево Пендаровски е симбол за конфузија и промена на ставови. Едно време Пендаровски уверуваше дека Kопенхашките критериуми, а не билатералните прашања и историјата ќе бидат условите за влез во Европската Унија.
Но наместо тоа, тој и СДС прифатија понижувачки позиции за Македонија во кој историските толкувања на Бугарија ќе бидат клучни во детерминирањето на македонските евроинтеграции, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, како што и сам коментира Пендаровски, доколку членовите на мешовитата историска комисија со Бугарија не се договорат за одредена личност или настан од македонската историја, тогаш следи вето и нова блокада. Оваа изјава е дадена во јули 2022 година. Ако Пендаровски е свесен за ова, тогаш се поставува прашањето зошто прифаќа Македонија да влезе во бескрајни преговори во кои ќе биде уценувана со историската Комисија со Бугарија?
Пендаровски и СДС во континуитет прифаќаат кукавички јајца во македонските евроинтеграции. Тоа е недозволиво. Со право народот вели дека немаме држава, немаме претседател и немаме институции кои ќе ги штитат националните интереси. Пендаровски го изгуби својот интегритет и кредибилитет. Тој го погази достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени!
Comments are closed for this post.