Се чувствувам горд што го истакав знамето од Кутлеш, рече адвокатот Тони Менкиновски на денешните завршни зборови во Охрид.

Тоа е културно и национално обележје на Македонците.Без оглед на одлуката на судот ќе продолжам да го истакнувам и ќе се борам тоа да се врати и да биде државно знаме.Истакнувањето не е спротивно на ниту еден меѓународен договор или закон-рече Менкиновски пред судот.

Тој е обвинет дека на празникот Водици го истакна знамето на Самоиловата тврдина во Охрид.