Пендаровски Стево го погази достоинството на функцијата претседател, но и достоинството на народот и на државата.Се што ветуваше пред да дојде на позицијата, после тоа го посипа со пепел.Работата е Стево рекол, Пендаровски порекол, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.
Додека СЈО го користеа за прогон на политичките неистомисленици, тој му ветуваше продолжување на мандатот онолку години колку што му треба. Кога врхушката од СЈО самото стана синоним за криминал и рекет, а Пендаровски и екипата од СДС сакаа да направат ново пазарење со правдата, Стево потпиша измени на казнениот законик со што сите помпезни случаи пропаднаа, но и оние кои се однесуваа на функционери на СДС. Стево низ вода ја пушти паролата “нема правда- нема мир“ со која ги манипулираше луѓето во 2016 и 2019.
Пендаровски е прочитана книга. Граѓаните знаат дека со голема резерва треба да ги прифаќаат неговите фрази и зборови во претстојната кампања. Стево Пендаровски го изгуби целиот кредибилитет и интегритет во очите на јавноста.
Време е да си замине од политичката сцена. Народот во тоа ќе му помогне.
Comments are closed for this post.