Во две убиства во кои беа ликвидирани високи членови на Шкаљарскиот клан, Алан Кожар, Дамир Хаџиќ, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, учествувале најмалку 30 лица – членови на спротивставениот Кавачки клан.
За тоа кривично дело на непосредните сторители им биле исплатени 1.400.000 евра.
Ова крваво злосторство се случи на 19 јануари 2020 година, кога Дедовиќ и Стаматовиќ вечераа со своите сопруги и деца во ресторан во Атина.
Четворица мажи влегле во ресторанот, се доближиле до масата , проговориле неколку зборови на српски и испукале рафал кон двајцата. Двајцата поседуваа македонски пасош.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковки во интервју за „Република“ најави дека ќе бидат проверени сите пасоши дадени на нарко босови.
Comments are closed for this post.