Водителот Иван Ивановиќ постави едно многу разумно прашање во врска со преговорите кои се водат меѓу Белград и Приштина.Тој директно ги праша граѓаните  практично ги праша граѓаните дали го сакаат  Косово со два милиони Албанци како дел од Србија.

 

 Во однос на Косово, длабоко размислувајќи дојдов до следниот заклучок: кој е нашиот најголем проблем? Не е дека сакаме Косово да биде Србија, туку проблемот е што не сакаме да постојат Албанци. И тоа нема да се случи, тие сигурно ќе постојат. Значи, ако размислите малку, Косово да беше Србија, третина од пратениците во парламентот ќе беа Албанци, едно од 4-5 министерства ќе беа Албанци, можеби дури и ќе дојдете во ситуација Курти да биде премиерот на Србија – рече Ивановиќ.