Сакам jaвно да изразам благодарност до сите своии колеги и колешки што ме уверуваа декаа сум добро решение за кандидатка за претседателка и во рекорднен рок ги собраа потребните 30 потписи без да знам, порача кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.
Таа додаде дека за една професорка по демократија, ова е драгоцено искуство за неа. Се кандидира од објективни и субјективни причини. Тешко носи одлуки, но потоа стои зад нив, додаде Силјановска.
Да се кандидирам ме инспирираше состојбата во која се наоѓаме, мене многу ме боли што другите држави повеќе не ценат одошто ние самите. Во агонија се самите граѓани, и време е за женска димензија во политиката, време е за консенсуз. Она што мене сиве овие четири години ме инспирира е дека ако не се почитуваме себеси, не може да очекуваме почит од никого – рече Силјановска-Давкова.
Како што додаде, во земјава воочила дека тоа што го предава, не функционира.
Јас нема да се однесувам како републикански монарх, ветувам дека моите кандидати ке бидат најдобрите во судскиот совет и не треба да се зачудите ако ме видите на протест со маргинализирани групи. Треба во Македонија навистина да дојде времето на жените, ќе ги почитувам различностите, видовме кога на клучни функции има жени тогаш се можни промени. Без владеење направото, без радикални промени нема да исчекориме напред . Крајно време е да почнеме да спроведуваме механизми на граѓанска држава – заврши Силјановска-Давкова.
Comments are closed for this post.