Шаренолика е понудата за претседателски кандидати. Најголем дел од партиите што ги номинираат кандидатите знаат дека шансите да победат се никакви, сепак претседателската трка ќе ја искористат за мерење на поддршката за парламентарните избори кои следуваат две недели подоцна.

За овие претседателски избори, пријавени се, или допрва ќе се пријават,Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ,Стево Пендаровски од СДСМ, Арбен Таравари од албанската опозиција, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Вело Марковски како независен кандидат, Билјана Ванковска од Левица, Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачкиот демократски сојуз.

Кандидати за претседател ќе има и ДУИ во Бујар Османи како и партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Но, најголем дел од овие кандидати ќе треба да собираат 10.000 потписи бидејќи немаат поддршка од 30 пратеници во Собранието. Колкумина ќе успепат да ги соберат потребните потписи ќе се види во следниот период .

Кампањата за претседателските избори започнува на 4 април а првиот груг е на 24 април.