Бугарката Ружа Игнатова може да се нарече измамничка на векот.Харизматична бизнисменка од Бугарија измамила милиони луѓе ширум светот од речиси 4 милијарди долари со лажната криптовалута OneCoin.
Живееше навистина раскошно, од прослава на својот роденден во легендарниот V&A (Музејот на Викторија и Алберт) со настап на Том Џонс до поседување неколку имоти во Софија, Бугарија и Созопол, таа живеше како кралица.
Не се знае каде се крие Ружа Игњатова, но пребегнатата крипто кралица се откри со оглас за скапи недвижнини.Се претпоставува дека е во Дубаи каде го има променето идентитетот. Има 43 години.
Нејзиниот луксузен пентхаус од 12,5 милиони фунти (14,2 милиони евра) беше ставен на продажба, а според новите правила за транспарентност во Велика Британија, таа мораше да биде откриена како сопственик.
Но, основачот на измамничката компанија OneCoin не е виден пет години и моментално е на листата на 10-те најбарани бегалци на американското Федерално истражно биро (ФБИ).
Исчезна на 25 октомври 2017 година, откако доби информација дека интензивна полициска истрага за нејзината измама во Софија.
Компанијата OneCoin е основана во 2014 година и ги има направено најголемите познати измами со виртуелни валути, а ФБИ проценува дека ги оштетила жртвите за четири милијарди долари.
Само во Велика Британија, инвеститорите изгубиле повеќе од 100 милиони фунти (114 милиони евра)
Comments are closed for this post.